Холандскиот амбасадор во Скопје се најде во ситуација да ,,голта иако смрди”

Холандскиот амбасадор во Скопје Дирк Јан Коп кој се прослави со реченицата дека Македонците мора да голтаат иако смрди (за францускиот предлог и промена на уставот за влез на Бугарите) дојде во ситуација самиот ,,да мора да голта иако смрди”.



По вчерашната изјава на Холандската амбасада дека на средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски амбасадорот изразил загриженост дека опозицијата ќе го блокира патот на Македонија кон ЕУ Коп доби неколку реакции кои го ставија во крајно незгодна ситуација.

Откако неговата амбасада со огромна доза на сарказам објави дека во конструктивна атмосфера Коп додека Бугарија ја обвинил опозицијата дека може да е пречка на патот кон ЕУ амбасадорот доби одговори кои ја уништуваат неговата дипломатска позиција.

За оваа порака која ја објави и твитер профилот Холандската амбасада во Скопје дојдоа реакции од повеќе луѓе меѓу кои и двајца Холанѓани.

Холандскиот експерт за европски политики Рајнер Јарсма заклучува дека ваквиот настап на амбасадорот Коп е ироничен, доколку се знае дека токму Холандија беше една од земјите која најмалку еднаш ги одложи пристапните преговори на Македонија со ЕУ, уште пред Бугарија да ги испорача невкусните барања.

И холандски дипломат, познавач на регионот и политички консултант, Ханс ван ден Берг, смета дека да не биле двојните стандарди од Франција, Холандија и Данска, и доколку официјално Скопје го добиело истиот третман како Бугарија, Хрватска или Романија, дека Македонија денес веќе ќе беше внатре во ЕУ.

На обвинувањето од Коп дека ВМРО-ДПМНЕ може да е виновно за блокадата на Македонија на патот кон ЕУ реагира и шефот на Собраниската комисија за надворешна политика Антонио Милошоски.

,,Заедничките цели за продлабочување на соработката и за забрзување на интеграцијата на Македонија во ЕУ, не би требало да е причина за ничија дрскост, а особено не на дипломат од угледна европска држава.

Но, кога во разговорите со повеќе локални политичари ќе се навикнете на нивна сервилност, тоа ви доаѓа како допинг за егото, па од дипломат станувате “камшикар” и без почит кон народот делите цинични лекции што “мора да се проголта, иако смрди”.

Вака би можела да се оквалификува изјавата на холандскиот амбасадор Коп за тоа дека македонските граѓани требало – внимавајте „да го затнат носот и да го голтнат“ невкусното барање за уставните измени по диктат на Софија. Во спротивно ќе се случела кочница?!

И тука се согласувам со холандскиот експерт за европски политики Рајнер Јарсма кој заклучува дека ваквиот настап на амбасадорот Коп е ироничен, доколку се знае дека токму Холандија беше една од земјите која најмалку еднаш ги одложи пристапните преговори на Македонија со ЕУ, уште пред Бугарија да ги испорача невкусните барања.

Уште еден холандски дипломат, познавач на регионот и политички консултант, Ханс ван ден Берг, дури смета дека да не биле двојните стандарди од Франција, Холандија и Данска, и доколку официјално Скопје го добиело истиот третман како Бугарија, Хрватска или Романија, дека Македонија денес веќе ќе беше внатре во ЕУ.

И во оваа смисла, не е фер што немањето на политичка воља за брз прием на нови полноправни членки во ЕУ од страна на владата во Хаг, холандскиот амбасадот го покрива со дрски лекции за голтање на невкусни барања, кои патем не се дел од Копенхашките критериуми. Наместо одмерена и јасна дипломатска порака, оваа негова изјава личи на навреда на интелегенцијата на еден мал европски народ, кој си го бара своето место под сонцето. Некоја држава е поголема, некоја е помала, но тоа на никој дипломат не му дава за право со недолични изјави да ги прикрива неискрените ставови на неговата држава во врска со проширувањето на ЕУ.

➡️ А во однос на дигестивниот систем на Македонија, тој, за жал или за среќа, 32 години голтнал многу работи. Но, може ли амбасадорот, Владата во Хаг, владата во Скопје или некој друг да гарантираат дека ова ќе биде последен пат како македонските граѓани ќе треба:
„да го затнат носот и да го голтнат“ невкусното барање за уставните измени?! Или после него, за 2 години ќе дојде друг амбасадор кој со “Оперил” или со “Фиксоназе” пак ќе ни го прочистува носот за следните невкусни барања во низа?!

,,Затоа во името на заедничките европски вредности, овој испад на амбасадорот Коп нека биде повод за враќање кон пријателско и конвенционално дипломатско поведение. Секој од нас треба да е внимателен и да води сметка за функцијата, мандатот и за одговорноста со јавно изречените зборови”, му пишува екс министерот за надворешни
Антонио Милошоски на холандскиот амбасадор.

Амбасадорот и амбасадата на Кралството Холандија засега не одговараат на реакциите кон неговата навредлива и недипломатска изјава.