Холандски експерт за Балканот: ДУИ покажува знаци на паника со понудените оставки

Холандскиот експерт за Балканот Ханс Ван ден Берг кој одлично ја познава состојбата во македонската политика особено во албанскиот блок анализира дека со понудените оставки на своите министри ДУИ покажува знаци на паника.



Според холанѓанинот потегот на ДУИ и радикалните пораки од Косово кон Македонците ќе ги убеди македонските пратеници да гласаат против влез на Бугарите во уставот.

,,Додека ДУИ покажува знаци на паника (и нуди опозицијата да поднесе оставка и се откажува од правото да добие премиер етничките Албанец) Хусамедин Ферај (советник на премиерот Курти) сето тоа го расипува со изјавата дека „македонските Словени“ одговараат само на сила и се залагаат за зголемено покажување на сила од Албанците. Тоа ќе ги убеди пратениците од етничкиот македонски блок да гласаат против бугари во уставот”, анализира холандскиот експерт за Балканот според кого се случува политичка игра за промена на уставот.

,,Француски предлог се претвори во политичка игра, кај ВМРО и СДСМ, за тоа кој може да собере најмногу гласови; кај етничките Албанци за тоа до каде можат да ги надградат бескрајните барања (како со секој предлог)”, пишува Ван ден Берг кој укажува дека во меѓувреме, во македонските медиуми се појавуваат безброј корупциски, хронични и криминални скандали во кои се вмешани ДУИ и СДСМ.