Холандскиот експерт за Балканот, Ханс ван ден Берг, реагира на навредувачкото именување на Македонците како Северни Македонци од бугарскиот новинар Георги Готев од онлајн-магазинот за европски прашања „Еурактив“.



„Овој ултранационалистички политикант/новинар повторно греши. Северни Македонци воопшто не постојат. Македонци да и не мора некој да биде историчар (доволно е да е само читач на весници или на магазини од времето на отоманското владеење) за да знае дека тој греши и за југословенската измислица“, објави Ван ден Берг нна Твитер.

Твитот на директорот на БИП е реакција на тој на Готев во преписката со дописничката на МИА од Брисел, Тања Милевска, во кој Бугаринот вели: „Курди постојат. Северни Македонци постојат откога Југославија ги измисли“.

Готев е автор на написот во „Еурактив“ што крена прав во Македонија, а во кој, повикувајќи се на извор во Советот на ЕУ пред
денешниот видеоконференциски самит со Западен Балкан, тврди дека „лидерите на ЕУ го повикаат Скопје да го реши историскиот спор со Бугарија“.