Амбасадорот на Кралството Холандија, Дирк Јан Коп, вчера во Македонија порача дека треба да се затне носот и да се голтнат уставните промени. Признава дека предлогот не е совршен, но вели дека тоа ќе ја однесе државата во ЕУ.



Коп вчера во Македонија имаше средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на која се разговарало за актуелната политичка состојба, како и евроинтегративниот пат на Македонија.

Мицкоски на средбата истакнал дека односот на бугарските власти кон Македонија и негирањето на македонскиот идентитет, само ја засилуваат ескалацијата на лошите односи помеѓу двете држави, потенцирајќи дека пристапниот пат на државата кон Европската унија не смее да личи на пазар со земјоделски култури на кој се продава и се купува македонскиот идентитет.

„Еврометар“, Анкета спроведена од страна на агенцијата „Брима“ од 12 декември до 27 декември 2022 година на репрезентативен примерок од 1.006 испитаници, покажува дека расте скептицизмот за Европската Унија, најголема закана за Македонија е Бугарија.