На холандската министерка за надворешни работи, Сигрид Кааг, која поднесе оставка поради начинот на кој се справила со евакуацијата на бегалците од Авганистан, со оставка ѝ се придружи и министерката за одбрана Анк Бијлевелд, пренесува Еуроњуз.
Министеркта за одбрана поднесе оставка вчера, 24 часови по оставката на шефицата на дипломатијата.
Мнозинството пратеници ги обвинија двете министерки дека се одговорни за бавниот одговор на владата по преземањето на талибанците и за неуспехот да се подготват за безбедно поминување на илјадници Авганистанци кои би можеле да се квалификуваат за азил во Холандија.
Еден ден претходно, Кааг призна дека некои вработени во локалната амбасада и преведувачи на холандските војници не биле евакуирани од Кабул.







