Холандското Министерство за земјоделство нареди ликвидација на 200.000 кокошки, откако беше откриен високо патоген вирус на птичји грип на фарма во источниот град Пуифлијк.



Уништувањето на живината, вклучително и кокошките на фармите во радиус од еден километар, е второ по ред во таа земја овој месец, откако за прв пат беше откриена болеста Х5Н8 кај дивите птици, пренесува Ројтерс.