Холандскиот премиер Марк Руте се извини за колонијалната историја на неговата земја и нејзините последици, кои тој призна дека продолжуваат и денес.



„Со векови, холандската држава и нејзините претставници го овозможуваа и поттикнуваа ропството и профитираа од тоа“, продолжи холандскиот премиер.

„Точно е дека никој што живее денес не сноси никаква лична вина за ропството, но холандската држава сноси одговорност за огромното страдање на оние кои беа поробени, како и на нивните потомци.“

На извинувањето се спротивставија групи кои велат дека требало да дојде од кралот Вилем-Александар, во поранешната колонија Суринам, на 1 јули 2023 година, на 160-годишнината од еманципацијата на робовите на земјата.

Извинувањето на Руте доаѓа во време на преиспитување на холандското колонијално минато, кое вклучува напори за враќање на ограбената уметност, како и борбата против расизмот.

Холандската империја започнала да постои во 16 век и делови од неа останале до периодот на деколонизација по Втората светска војна. Според
Според Универзитетот од Лајден, Холандија стои зад трговијата со околу 550.000 – 600.000 луѓе од Африка како робови.

Организациите од поранешните холандски колонии како Суринам во Јужна Америка и земјите на Карибите го критикуваа „произволниот“ датум од 19 декември и се пожалија дека не биле консултирани.

Тие бараа формалното извинување да биде упатено на 1 јули 2023 година, на 150-годишнината од крајот на ропството во поранешните холандски колонии.

Ропството помогнало во финансирањето на холандското „Златно доба“ – период на просперитет и поморска трговија во 16-тиот и 17-тиот век.

Претходно беше објавено дека холандскиот крал Вилем-Александар нарачал независна студија за улогата на кралското семејство во колонијалната историја на Холандија, а истражувањето ќе трае три години и ќе го опфати периодот од крајот на 16 век преку постколонијалната ера до денес, соопшти владината служба за комуникации.