Имунизацијата на лицата под 60 години со ковид вакцината на „АстраЗенека“ е суспендирано во Холандија откако кај мал број луѓе се развил редок облик на тромбоза, а една жена починала, јавуваат медиуми.



Организација која ги следи несаканите ефекти на вакцините кажа дека добила извештај за пет случаи на згрутчување на крвта. Сите се случиле од седум до десет дена по вакцинирањето кај жени на возраст од 25 до 65 години.

До тој момент, околу 400.000 Холанѓани ја примиле вакцината на „АстраЗенека“.