Холандската влада ги повика граѓаните да почнат да штедат енергија, особено со намалување на капацитетот на системот за греење во нивните домови, објавија вчера медиуми.
Властите велат дека жителите треба да почнат да се тушираат наместо када, бидејќи тоа исто така може да помогне да се намали потрошувачката на енергија.
Холандскиот министер за клима и енергија Роб Јетен рече дека заштедата на енергија е „добро за вашиот паричник и за климата“.
Тој додеде дека „ова ќе ни помогне да станеме помалку зависни од гасот од Русија“.
Владата вчера најави дека ќе ја намали температурата во деловните згради во зима и ќе користи помалку клима уреди во лето.






