Хоџа: Утре паѓа Владата – ДУИ оди во опозиција

„Во изјава за ТВ А2 на Албанија генералниот секретар на Движењето Беса Арјанит Хоџа ги демантираше гласините дека и претставници на неговата партија биле на средбата свикана од Зоран Заев. Тој рече дека Движењето Беса со ниеден свој претставник не било таму и оти утре на парламентарната седница за изгласување недоверба на Владата пратениците на Беса ќе гласаат ‘ЗА’ – извести информативната агенција на албански јазик ИНА.



„Арјанит Хоџа е министер за земјоделство, шумарство и водстопанство во Владата на Заев, но по обид да и се украде победата на Беса во Желино од страна на ДУИ тој најави заминување од оваа Влада – свое и на неговата партија.“ – додаде агенцијата.