
БЕСА сака да ја тргне ДУИ од власт.
Генералниот секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа изјави за Алсат дека целта на неговата партија е да ја дефакторизира ДУИ.
Тој за премиерот Зоран Заев вели дека е еден од луѓето што најмногу се жртвуваше на патувањето на Македонија во евро-атлантските процеси.
Хоџа изјави дека, ако во четврток не успеат да и изгласаат недоверба на Владата, тогаш БЕСА ќе излезе од владејачката коалиција.
Во емисијата „200“ на Алсат, тој кажа дека нивниот проблем не е СДСМ, туку дека целта на БЕСА е да ја тргне власта од рацете на ДУИ.
Дали ќе падне Владата, ова е тема која ги засега не само граѓаните на Македонија, но и соседите. Тие будно ја следат состојбата и го споменуваат почитувањето на Договорот од Преспа. Сите чекаат каков ќе биде исходот во четврток.





