Хоџа: „Коалицирање со македонски партии по парламентарните со партнерски договори за водење на државата“

„Генералниот секретар на Движењето Беса Аријанит Хоџа денес соопшти дека неговата партија ќе се поврзе во коалиција со македонските партии само по парламентарните избори, а не пред тие да се одржат.’ – извести информативната агенција на албански јазик „Журнал“, пренесувајќи ја објавата на Аријанит Хоџа, кој на својот фејсбук-профил напиша:

„Коалицирање со македонските партии само по парламентарните избори и тоа со партнерски договори, за да се раководи со државата согласно со општествената реалност.“

„Движењето БЕСА во текот на своето политичко дејствување покажа политичка далновидност, давајќи шанса за предизборни коалиции, но епилогот на таа коалиција заврши со тоа што не беше прочитана правилно целта на Движењето БЕСА. Затоа, во иднина нема да дозволиме визијата на Движењето БЕСА да да се користи како спас на македонските партии, туку ќе продолжиме да ја градиме визијата за иднината на оваа држава преку содејство со целиот албански политички чинител, што ќе донесе промени во албанскиот политички спектар, испраќајќи ја ДУИ во опозиција.“

„Партнер на владејачката коалиција на Движењето БЕСА од македонска страна ќе биде онаа партија, која ќе прифати да ја градиме државата врз принципот на целосно партнерство, за да изградиме правна држава, со рамноправни можности, насочена кон интеграција во ЕУ и нулта толеранција за криминалот и корупцијата.“ – напиша Аријанит Хоџа на фејсбук.