„Изборот на Талат Џафери како албански премиер го отвора патот и за избор на албански претседател на државата во иднина. Македонските партии и граѓани ништо не губат, ако Албанец раководи со државните институции. Македонска партија не може да раководи со владата дури и да има 61 пратеник, ако не коалицира со албанските партии.“ – изјави Аријанит Хоџа, претседател на Европската демократска партија, во емисијата „Клан дебата“ на ТВ Клан Македонија на албански јазик.
ТВ Клан Македонија ги пренесува нагласките од искажувањата на Хоџа: „Секој македонски гласач знае дека по 2001 година е неможно владата да биде управувана од македонска политичка партија без албанска партија. Но, еднакво е неможно владата да биде раководена и од малцинство од албански политички партии“ – нагласи Хоџа.
„* Македонија е политичка реалност на партнерството меѓу Македонците и Албанците. Опозициската ВМРО ДПМНЕ мора да сфати дека не може да се гради патот кон ЕУ со национализмот, кој ги ‘надувува’ Македонците. Помина времето на наметнување на нацинализмите, заради добивање гласови.“ – изнесе Хоџа.
Лидерот на Европската демократска партија Аријанит Хоџа рече дека албанските парламентарни партии морале сите да гласаат за албанскиот премиер Талат Џафери, бидејќи колку и да е тој технички премиер, според него, сепак тоа е историски момент. Тој додаде дека македонските партии мислеле оти државата и државните институции се исклучиво за нив, а не за Албанците, но во последно време, според него, се докажува спротивното и сега немаше повеќе ниту протести против албанскиот премиер, кои ги имало во минатото.





