Хистерија или реалност: Ќерката од АЦВ врши надзор врз таткото директор во МНАВ – погодете од која партија се

Додека вицепремиерот Артан Груби тврди дека во јавноста има хистерија кон ДУИ во однос на скандалот во МНАВ фактите покажуваат дека двете македонски институции кои вршат контрола за безбедноста на македонското небо МНАВ и АЦВ се доминантно ,,семејни” фирми на функционерите на ДУИ.



❓Како се дефинира кога ќерката од АЦВ е задолжена да врши надзор врз таткото во МНАВ, прашува профилот Демир или Троловски на Твитер кој е познат по точните инфорамции за голем број корупциски скандали на СДСМ и ДУИ.

Според органиграмот објавен од Демир кој засега никој не го демантира ќерката на досегашниот директор на МНАВ требало објективно да ја контролира неговата работа што е практично невозможно затоа што освен што се блиски роднини тие се од иста партија ДУИ.

Сите останати важни фактори во процесот на контрола на МНАВ како и напаѓачите освен екс пратеникот на СДСМ Тунтев се од ДУИ што дава мали шанси таму да има непристрасна истрага и утврдување на незаконитости.

Дополнително и фирмата за обезбедување која ги пуштила насилниците во МНАВ е блиска на ДУИ.