Тропската бура „Хилари“ предизвика поплави источно и западно од Лос Анџелес, откако со смртоносна сила помина низ мексиканскиот полуостров Баха Калифорнија.
Лос Анџелес утрово беше опустошен, каде многумина останаа без струја. Американските медиуми јавуваат за бројни акции за спас на граѓаните.
Во Јужна Калифорнија и југозападот можни се нови поројни поплави и лизгање на кал и карпи, велат синоптичарите.
Националниот центар за урагани предупреди дека некои поплави би можеле да бидат „опасни по живот и локално катастрофални“.
Хилари беше првата тропска бура што ја погоди Јужна Калифорнија во последните 84 години
Хилари зајакна до ураган од четврта категорија пред да ослабне до тропска бура пред да удри во копното во неделата, а потоа беше намален до суптропски циклон рано наутро во понеделникот.
Поплавите и натаму претставуваат опасност за над 25 милиони луѓе од Јужна Калифорнија на север до северен Ајдахо.







