Висок функционер на Хезболах се закани дека Израел ќе плати висока цена кога ќе започне копнена офанзива во Појасот Газа и денеска изјави дека неговата група со седиште во Либан сега е „во срцето на битката“.
Коментарите на заменик-лидерот на Хезболах, шеикот Наим Касем, дојдоа додека Израел гранатираше и изврши напади со беспилотни летала во јужен Либан, а Хезболах истрела проектили и ракети кон Израел, пренесуваат медиуми
За Хезболах, вжештувањето на либанско-израелската граница има јасна цел, рече Касем:
„Се обидуваме да го ослабиме израелскиот непријател и да му дадеме до знаење дека сме подготвени“.
Претставници на Хамас изјавија дека доколку Израел започне копнена офанзива во Газа, Хезболах ќе се приклучи на борбите.







