Младиот напаѓач на Наполи и македонската репрезентација Елиф Елмас беше меѓу најгласните за време на интонацијата на националната химна пред мечот со Естонија.
На градскиот стадион Тоше Проевски во Скопје фудбалската ѕвезда од срце со емоција ги пееше стиховите за Гоце Делчев и другите македонски великани кои се споменуваат во химната.
Елиф Елмас пред да замине да гради меѓународна кариера прво во Фенербахче а потоа во Неапол живееше во скопската населба Бутел но како свое дете го чувствува и населбата Автокоманда каде неговот семејство има слаткарница.
Елмас покрај “Гранде Горан Пандев” беше еден од најдобрите на мечот со Грузија каде ја започна акцијата по која Пандев го даде победничкиот гол.
Пред неколку дена Елмас изнуди солзи кај голем број Македонци кига изјави дека за неговата мајка Македонија би дал се.





