Во хеликоптерска несреќа во близина на градинка во украинскиот град Бровари загинаа најмалку 16 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, изјави началникот на националната полиција Ихор Клименко, јави Си-Ен-Ен.
Девет од 16-те жртви биле во хеликоптерот кога се урнал.
Околу 22 лица се во болница, меѓу кои 10 деца, рече Клименко. Украинскиот министер за внатрешни работи Денис Монастирски е меѓу загинатите, додаде тој.
Две деца се меѓу 16-те загинатите, соопштија официјални лица.
Не е позната причината за несреќата.
Министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, одговорен за полицијата и безбедноста во Украина, е највисокиот украински функционер што загинал од почетокот на војната.
Шефот на националната полиција Ихор Клименко рече дека Монастирски загинал заедно со неговиот заменик и други високи претставници на министерството.







