Три српски и два хеликоптери на АРМ кои требаше да го гасат пожарот во Пехчевско се повлечени поради високите температури во воздухот, објави директорот на ЦУК , Стојанче Ангелов.
Претходно градоначалникот на Пехчево Звонко Пекевски алармираше дека ситуацијата е сериозна и огнот се шири кон најблиските села, но и кон Берово.
Според Ангелов, акцијата на хеликоптерите е одложена за покасно во денот:
„Поради исклучително високите температури на воздухот, веднаш по пристигнувањето на 5-те хеликоптери на местото на големиот шумски пожар, командантот на ескадрилата донел одлука за нивно повлекување поради ризично зголемување на работната температура…
Хеликоптерите повторно ќе се упатат кон Пехчево по намалување на температурата на воздухот за неколку степени.








