Кандидатот на ДУИ, Хекуран Дука е новиот градоначалнк на Дебар откако на денешните избори освоил над 400 гласови повеќе од неговиот против кандидат Арбен Аголи, од Алијансата за Албанците.
Д-р Хекуран Дука е роден 1963 година во Дебар, оженет, татко на три деца. Средно образование завршил во родниот град, дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, каде завршил специјализација по урологија. Вработен е во Општата болница во Дебар од 1994 година.
Во Дебар се спроведоа предвремени локални избори за градоначалник, поради смртта на Ружди Љата, кој по кусо и тешко боледување почина на крајот од ноември минатата година, потсетува Плусинфо.





