Вицепремиерот за рамковен договор, Хазби Лика си обезбеди место во Советот за координација на разузнавачката заедница.



Таа позиција Лика ја добива автоматски.

Имено, во законот за координација кој денеска го потпиша претседателот Стево Пендаровски, стои одредба дека вицепремиерот задолжен за рамковниот, во случајот Лика, ќе биде еден од 8-те члена на советот кој оперативно ќе ги води разузнавачките активности.

Тој ќа стане дел од Советот најдоцна за 30 дена.

Интересно е што за ова решение гласале сите 91 пратеници на седницата минатата среда иако истите пратеници уште во март гласаа за укинување на Секретаријатот за рамковен договор и замена со ново Министерство за политички систем.

Министерот Лика во јавноста беше познат по тоа дека „ретко“ се појавува во кабинетот на „Илинденска“.

Извор: Телма