„Со Лика многу сме близу до договор да премине во нашата партија, што официјално треба да биде објавено по изборите, но пред изборите тој најверојатно ќе излезе и со јавна поддршка на кандидатот за претседател зад кој застанавме како албанска опозција со Алијансата за Албанците Блерим Река“, добро упатени избори од партијата БЕСА.
Се уште актуелниот вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор, Хазби Лика, имаше сериозен „судир“ со матичната ДУИ околу неодамнешната трансформација на Секретаријатот за Рамковен во Министерство за политички систем, инсистирајќи дека Охридскиот не е спроведен докрај.
Тој беше избран вицепремиер за спроведување на Рамковниот договор во новата влада на ДУИ и СДСМ, но набрзо престана да оди на работа, поради конфликт со Али Ахмети.
Деновиве беа лиферувани информации дека тој се противи и на поддршката од ДУИ на Стево Пендаровски.





