Хаварија на Лепенец – жив ли си Макрадули Јани? (ВИДЕО)

Видео објавено на Фејсбук од граѓански активист покажува еколошка катастрофа на реката Лепенец во близина на сепарација во близина на селото Орман.



Според видеото во реката се истовар смет во кој е извесно дека има хемиски материи кои можат да доведат до помор на риби и другиот жив свет во Лепенец.

” Река Лепенец, сеперација Орман, епизода господ знае која. Не заборавајте, природното богатство е наше заедничко добро,оставено од нашите предци,за нас и нашата иднина.
Арам да им е на институциите и на тие што ова го прават. Јани Макрадули
@makraduli жив си, мрдаш малку?”, пишува во постот објавен од загрижен граѓанин.

Повикот објавен вчера до заменикот министер за екологија Јани Макрадули засега според медиумите не вродил со плод. Досега не е објавено дека Макрадули и министерството кое де факто го води, затоа што министерот за екологија вопшто го нема во јавноста, презело мерки за расчистување на тешката еколошка хаварија на Лепенец.