„Насочена“ радиофреквенција е најверодостојното објаснување за мистериозните симптоми што ги доживеале дипломатите стационирани во американските амбасади во Хавана и на други места, се вели во извештајот на американската влада.



Дипломатите добивале, гадење, главоболка, вртоглавица и други необјаснети симптоми.

Овој „Хавански синдром“ долго време беше предмет на интензивни шпекулации, со оглед на природата на симптомите, локацијата на објавите и – молкот на американската влада, објавија медиуми. .

Во соопштението на американската Националната академија на науките се наведува дека симптомите можат да бидат поврзани со насочените, пулсирачки радиофреквенции на кои се изложени американските дипломати.

Државниот секретар на САД, Мајк Помпео, во октомври изјави дека владата „користела значителни ресурси“ во обид да ја реши оваа мистерија за непознати симптоми што ја имале повеќе од 40 американски дипломати во периодот од 2016 до 2018 година.