Припадници на ЕУЛЕКС ја пребаруваат куќата на поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кој од вчера е во притвор во Хаг, јавуваат приштинските медиуми.



Тачи вчера поднесе и оставка на претседателската функција откако обвинението го потврди Специјалниот суд.
Припадници на ЕУЛЕКС влегоа и во куќата на лидерот на ДПК, Кадри Весељи.

Тачи, Кадри Весељи и други осомничени се обвинети во април за голем број воени злосторства на Косово, вклучувајќи скоро 100 убиства.

Жртви на кривичните дела се стотици лица чиј идентитет е познат, меѓу кои има косовски Албанци, Срби, Роми и лица од друга националност, како и политички противници, објави претходно Специјализираното обвинителство.



Мисијата на ЕУЛЕКС, која обезбедува логистичка и оперативна поддршка за апсење на обвинетиот, вчера изјави дека секој што сторил злосторства треба да одговара и дека судењето треба да биде правично.

Видео на следниот ЛИНК