Косовскиот претседател пристигна во Хаг на барање на Специјалното обвинителство, каде ќе биде сослушан утре, пренесува приштинската телевизија Клан Косово.
Во обвинението се тврди дека Хашим Тачи, како и лидерот на Демократската партија на Косово, Кадри Весељи и други се осомничени за околу 100 убиства.
Злосторствата претставени во нацрт-обвинението вклучуваат стотици идентификувани жртви на косовските Албанци, Срби, Роми и политички противници.
Во декември 2011 година, швајцарскиот сенатор Дик Марти објави извештај на Советот на Европа во кој се наведени неколку поранешни лидери на Ослободителната војска на Косово, кои биле вклучени во воени злосторства.





