Хашим Тачи очекува Меркел да го убеди Вучиќ да го признае Косово

Косовскиот претседател Хашим Тачи очекува на претстојниот самит во Берлин германската канцеларка Ангела Меркел да го убдеи шефот на српската држава Александар Вучиќ да го признае Косово.



Тачи очекува Меркел да ги повика и петте членки на Европска унија, како и Босна и Херцеговина, да го сторат тоа што сè уште не го направиле во однос на независноста на територијата што Србија ја смета за свој дел.

„Ќе има добра можност тоа да се случи. Истовремено, нема да прифатиме под никакви услови на Косово некој да му предложи некој вид двоен суверенитет или каков било германско-германски модел, Република Српска или каква било автономија“, изјави Тачи во интервју за РТВ 21.