Заменик-министерот за здравство, Илир Хасани, на денешната прес конференција објасни дека ситуацијата со короната е можне сериозна и дека рестриктивни мерки се нужни за да се заштитиме и претстојните празници да поминат во мир и спокој.
„Се наоѓаме на праг на големи верски празници, но свесни сте дека сме во тешка општа состојба. Размисливме проактивно. Се најдовме пред два избора или ќе го ограничиме или ќе се затвораме за Бајрам или Велигден.
Ако не носиме одлуки ќе се соочиме со затворање и за Бајрам и за Велигден. Се надеваме дека тоа нема да се случи и дека празниците ќе ги поминеме без големи ограничувања“, рече Хасани.
Порача граѓаните да внимаваат за време на празниците, особено имајќи ја предвид традицијата на посета на повозрасните граѓани.
Не денешната седница владата го усвои предлогот на Комисијата за заразни за воведување полициски час од 20 часот како и за кратетење на работното време на угостителските објекти.






