Хартиена „скопска“ за едно возење во ЈСП ќе чини 50 денари

Хартиен билет за едно возење во автобусите на ЈСП Скопје од 1 ноември ќе чини – 50 денари, одлучи денеска Совертот на Град Скопје. 



Оние кои не ги користат електронските билети од 25 денари кои можат да се искористат за 10 дена,  или оние од 35 денари без временско ограничување, досега ја користеа можноста за плаќање преку мобилен за цена за едно возење од 40 денари.