Откако уставниот суд на Косово се изјасни околу уставноста на одлуката на владата да се зголеми платата на премиерот, Рамуш Харадинај побара веднаш да почне да му се исплаќаат 2.950 на име месечен приход.
Тоа предизвика протести, а преку социјалните мрежи беше иницирана акција за собирање вратоврски за премиерот – да се соберат 365 вратоврски за да може премиерот да има нова за секој ден од годината.
На 1 февруари, владата на седница донесе одлука да се суспендира зголемувањето на платата и предметот беше даден на Уставен суд.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај на состанокот на владата денеска изјавил дека во согласност со пресудата на Уставниот суд, одлуката на Владата од 1 февруари за одложување на одлуката на Владата е укината. Тој рече дека по ова Министерството за финансии е должно да ја спроведе оваа одлука, односно веднаш да почне да му ја исплаќа платата како што беше одлучено во декември, пишуваат косовски медиуми.
Но, министерот за финансии, Бедри Хамза, смета дека ова прашање треба да се регулира со Законот за плата, на што се согласил и премиерот, но додал:
„Дотогаш ве молам да се придржувате кон одлуката на Владата“, рече Харадинај.




