Косовскиот премиер Рамуш Харадинај му се заблагодари на својот бугарски колега Бојко Борисов за, како што вели, принципиелниот став кон Косово и неговото право да биде дел од европското семјество, јави дописникот на МИА од Приштина.
„Силно ја поддржувам визијата на премиерот Борисов за сеопфатна Европа, која ги надминува менталитетите од минатиот век, менталитети кои предизвикаа трагедии и исклучивост. Без вклучување на сите држави на Западен Балкан како составен дел на европското семејство, ЕУ нема да биде целосна. Благодарам Бојко“, напиша Харадинај.
Изјавата на Борисов дека новиот шеф на европската дипломатија и одбрана, Џозе Борел, треба да го следи ставот на ЕУ за Косово предивика бура во Белград.





