Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, ги повика актуелните власти во Приштина да поднесат официјално барање за влез во НАТО.
„Премиере Курти, поднесете официјално барање за членство на Косово во НАТО. Не одложувајте, бидејќи ситуацијата е посериозна отколку што можете да замислите“, напиша Харадинај на Фејсбук.

Српските власти го обвинија косовскиот премиер дека ја користи ситуацијата во Украина за да добие членство во меѓународните организации и да создаде своја армија.
Косовскиот парламент во четвртокот ја одобри резолуцијата со која се повикува владата да започне преговори за членство во НАТО по руската инвазија на Украина, објави Ројтерс.






