За Аљбин Курти ова се последните моменти да размисли и да запре со уништувањето на земјата, порача лидерот на Алијанса за иднината на Косово, порача синоќа Рамуш Харадинај.
„…во спротивно ќе бидеме принудени да го спречиме, со сите расположливи демократски средства“, рече Харадинај.
Албин Курти неодамна еднострано го преекина Бриселскиот договор, изјавувајќи дека нема да ги спроведе обврските што Приштина ги презеде околу формирањето на ЗСО.
Претставниците на Србите на Косово и Метохија претходно вчера се повлчекоа од собранието, владата и сите приштински институции, како и дека го суспендираат учеството во полицијата и судството.
Рамуш Харадинај ги повика граѓаните на северот на Косово да се воздржат и да останат смирени и да не наседнуваат на погрешна политика.
„Косово е сечија земја, а дестабилизацијата на ситуацијата никому не му користи, освен на оние кои следат руски агенди“, порача Харадинај, ренесе Б92







