Харадинај: Косово ги прекина односите со УНМИК!?

Косовски премиер Рамуш Харадинај соопшти дека Приштина ја прекина комуникацијата со мисијата на ООН на Косово, УНМИК.



Изјавата доаѓа откако генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека најголем проблем во односите меѓу Белград и Приштина е воведената царина од 100 насто за српските производи, пренесува RSE.

„Ние веќе нама да комуницираме со нив. Во УНМИК ги пишуваат тиое писма и ги испраќаат таму. Мислам дека ова не ја одразува вистината. Тензиите помеѓу Косово и Србија, ако сакате, се  создадени од воените штети и големата болка, како и од нерешавање на односите со еден  договор за признавање. Додека нема признавање, нормално е дека ќе иматензии“, рече Харадинај.

Тој повтори дека нема да има корекција на границата меѓу Косово и Србија, а Косово е подготвено за договор со кој се регулираат сите теми, но не и за договор кој има за цел територија и граници.

Изјавата уследи еден ден откако претседателот на Косово, Хашим Тачи, во Њујорк изјави дека корекција на границата ќе биде дел од еден конечен договор меѓу Косово и Србија.