По враќањето од Њујорк, каде што присуствуваше на Генералното собрание на Обединетите нации, косовскиот премиер изјави дека ја добил поддршката на САД за трансформација на безбедносните сили (ФСК) во вооружени сили, односно војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
„Војската е завршена работа, изјави синоќа Харадинај во гостување на телевизијата Т7, додавајќи дека, покрај високите претставници на Вашингтон, сенатори, конгресмени и други американски фактори, за процесот на трансформација на ФСК во војска ги информирал и сите други релевантни меѓународни фактори.
Намерата на косовските власти е да ја трансформираат ФСК во војска, без да го сменат Уставот.





