„Претседателот на партијата Алијанса за иднината на Косово Рамуш Харадинај вели дека Русија има влијание во некои делови во Балканот, но, според него, нема никакво присуство во Косово. Харадинај нагласува дека Вучиќ и Србија немаат смелост во ова време да интервенираат на северот на Косово, поради меѓународните гаранции за Косово.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.
ИНА ја пренесува изјавата на Рамуш Харадинај: „Ако тоа би се случило, сиот свет би знаел дека Вучиќ го прави тоа во служба на Русија. Јас знам дека Американците нема да дозволат ниеден српски војник да згазне на територијата на Косово. Знам дека Белград ќе биде бомбардиран повторно, ако се случи такво нешто, како и во 1999 година. Раководството на Србија го знае ова доволно добро. Ако и еден офицер на Србија премине на територијата на Косово, ќе биде бомбардиран Белград, не некоја друга територија. Србија знае дека Косово е зона на одговорноста на САД, Англија и другите.“
Инаку, Рамуш Харадинај е поранешен премиер на Косово и еден од главните команданти на ОВК на Косово во војната со Србија во 1998-1999 година.





