Поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај вели дека „Сбија знае дека Косово е област на одговорност на Америка, Британија и другите“, и не стравува од напад од север.
Харадинај вели дека Вучиќ и Србија во моментов немаат храброст да интервенираат на Северот поради меѓународните гаранции.
„Ако тоа се случеше, тогаш целиот свет ќе знаеше дека Вучиќ тоа го прави за Русија. Ако не постои можност да се најде решение за Русија, Западот е доста добар во изнаоѓање решение за Србија, како што тоа го направи еднаш во 1999 година“, рече тој на РТВ Дукаѓини, пренесува Телеграфи.
„Знам дека Американците не дозволуваат ниту еден српски војник да влезе на територијата на Косово. Знам дека Белград ќе биде бомбардиран ако се случи вакво нешто, како во 1999 година. Српското раководство добро го знае тоа. Доколку српски офицер помине низ територијата на Косово, Белград ќе биде бомбардиран, а не која било друга територија“, додаде Харадинај.
„Мораме да ја работиме својата работа. Но, Србија знае дека Косово е област на одговорност на Америка, Британија и другите“, рече Харадинај.






