Хаосот во Скопје го предизвикале функционери со службени возила со флешери, тврди пратеник (ВИДЕО)

Сообраќајниот хаос во Скопје го предизвикале државни функционери со службени возила, тврди пратеникот Игор Јанушев.



Тој објавува видео на кое се гледа како во хаотичниот сообраќај се вклучуваат возила во кои се вози непознат државен функционер.

,,Ако се прашувате зошто е хаосот во сообраќај во моментов (22.12.2023 околу 17:00 часот) низ центарот на Скопје, еве го одговорот!

Само за да покажат “ку*ч” (простете на изразот), неизживеани идиоти!

П.С. – додека го објавувам ова уште 2 возила со “флешери” на “битни” фаци си поминаа со “амин” од полицијата на Спасовски”, налутено пишува Јанушев.

Скопје во попладневните часови вчера беше погоден од невиден сообраќаен метеж.

Видеото на Јанушев на овој линк

https://fb.watch/p5R8Vl5p1K/?mibextid=Nif5oz