Дел од персоналот на важен оддел во охридската болница да може би ја напуштил работата во оваа здравствена институција.
Во одделот за урологија при Општата болница во Охрид се случува хаос откако вработените веќе не сакаат да ги трпат притисоците, заканите и навредите од искусен лекар специјалист кој порано бил раководител во болницата во времето на СДСМ.
Вработени во болницата тврдат дека веќе не се издржува мобингот од искусниот лекар кој на колегите меѓу другите навреди им се обраќал со ,,да ми се фатиш” и врши психички терор врз болничкиот персонал.
За хаосот во болницата се известени низа институции но засега никој не му може ништо на моќниот лекар кој е близок до високи функционери на СДСМ.
Според видео и аудио материјалите до кои expres.mk имаше привремен пристап се работи за неверојатен притисок, закани и навреди кон болничкиот персонал од лекарот кој врши психолошки терор кон вработените кои нема кој да ги заштити.
Дел од вработените веќе бараат работа надвор од Македонија не можејќи да го издржи притисокот.





