Дури 97 основни и средни училишта во Белград, утринава добиле дојави за бомби, соопшти Министерството за образование.



По детална проверка на противдиверзивните екипи на МВР во поголем број училишта, утврдено е дека пријавите за поставените бомби се лажни, се наведува во соопштението на министерството.

Пријавите стигнале во раните утрински часови, во едно од училиштата било во 6.15 часот, нагласуваат од министерството.

Во петокот три трговски центри, четири студентски домови и некои други објекти во центарот на Белград добиле дојава за бомби.