Хаос пред амбасадата на Македонија во Швајцарија поради проблемот со пасошите

Арбен Фетаи, шеф на одделот за евроинтеграција на Алијанса за Албанците, го критикува Министерството за надворешни работи поради редиците пред македонската амбасада во Швајцарија предизвикани од проблемот со пасошите.



„Не, тоа не е Куманово, туку колабираната амбасада на МНР на Македонија во Швајцарија, каде што десетици граѓани чекаат со часови за дозвола за движење бидејќи државата е неспособна да издаде нови пасоши или да обезбеди продолжување на истечените пред 1 август. Жално. Нашата дијаспора заслужува подобро!“, коментира Фетаи на Твитер.