Хаос и редици на кардиологија (ВИДЕО)

Долга редица на пациенти на шалтерите на болницата за кардиолошки болести во скопскиот клинички центар.



Видеото го објавува пациент на болницата кој е зачуден од метежот пред шалтерите но тој не открива што е причината за досега невидениот случај на хаос во болницата која ги лечи срцевите болни кои немаат пари за лечење во приватните болници.

Најголем дел од пациентите на оваа болница имаат сериозни здравствени проблеми и чекање и долго стоење пред шалтерите дополнително за комплицира нивната здравствена состојба.