Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски вчера објави дека заедно со генералниот секретар, Миле Зечевиќ им ги врачиле одлуките за именување на ново избраните претседатели и претседателки на општинските организации на СДСМ.
Дел од членството очигледно смета дека има внатрепартиски проблеми, но и јавно го изразува незадоволството од одлуките кои ги носи раководството. Сметаат дека дел од новоизбраните претседатели на општинските организации се далеку од вистинскиот избор – пишува Инфомакс.
-СДСМ е државотворна партија и оперативно е подготвена, следува комплетирање на тимовите на локално ниво и засилено присуство на партијата на теренот, меѓу граѓаните. Генералниот секретар Зечевиќ ги повика ново избраните претседатели на Општински организации, при составувањето на новите Извршни одбори на локално ниво да го запазат досегашниот принцип на широки консултации и максимална инклузивност на процесот, стои во објавата на Фејсбук страната на партијата.
Меѓу коментарите можеше да се прочита и оној на поранешниот директор на ЈП „Улици и патишта“ Сенад Смаиловиќ кој вели дека новиот претседател на партијата го немаат видено во Бутел.
Целиот текст на следниот линк:
(Фото) Хаос во СДСМ: Членството разочарано – молете се да нема избори




