Хановер: Евакуација поради бомба од Втора светска војна

Поради деактивирање на бомба од Втората светска војна, над 11.000 луѓе во германскиот град Хановер мораат денеска да ги напуштат своите домови.



Првично се претпоставуваше дека има четири бомби, сега се тврди дека има само една, јавуваат медиуми.

Од жителите се бара со себе да ги понесат најнеопходните работи. Ќе биде забранета зона на движење од 9:00 часот до конечно демонтирање на бомбата.

„Нема опасност за населението“, наведуваат од градот.

Во Германија продолжува откривањето на неексплодирани бомби најчесто за време на градежните работи.

Во Хановер, населението мораше да се евакуира неколку пати поради оваа причина во последните години.