Хан во Скопје лобираше за успешен референдум

„Ајде да се зафатиме со работа, имате рандеву со историјата. Затоа нема време за губење. Ние сме само на почетокот од едно долго патување“, порача денеска еврокомесарот Јоханес Хан обраќајќи се на седницата на Националниот совет за евроинтеграции.



Тој укажа дека предвидениот референдум (за името) ќе биде важен за иднината на земјата и ги повика сите граѓани особено младите да го остварат демократското право бидејќи, како што рече,  секој глас бил битен.