Европскиот комесар за проширување, Јоханес Хан, денес во Атина изрази оптимизам дека грчкиот спор во врска со името со поранешната југословенска Република Македонија (ПЈРМ) би можел да се реши во следните 15 дена.
„Јас сум оптимист дека во следните две недели ќе имаме решение. Барем решение кое ќе го отвори патот за почеток на разговорите за пристап со ПЈРМ“, изјавил еврокомесарот пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент, пишува „Катимерини“..
„Мислам дека сите се согласуваат дека ова ќе биде корисно за земјата, за општеството и за целиот регион на Западен Балкан“, додал тој.
Грчкииот весник уште пишува дека според Хан Македонија ја надмина длабоката политичка криза и постигнува напредок во спроведувањето на реформите и во одржувањето на добрососедските односи, но предупреди дека „нема време за самозадоволство“.




