Хан утре го отвора скринингот за почеток на разговорите со ЕУ

Комесарот за европска соседска политика и преговори за проширување на Европската комисија Јоханес Хан утре ќе престојува во Македонија, со што почнува скринингот процесот на земјата за отпочнување преговори за членство во Унијата.



Еврокомесарот изутрина ќе има средба со премиерот Зоран Заев, а потоа и со спикерот на парламентот Талат Џафери како и со лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Хан ќе има обраќање пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции во Собранието.

Минатата недела, а прес-конференција во Брисел, Хан ги најави посетите на Македонија и на Албанија и отпочнувањето на скрининг процесот на овие две земји.

По завршување на средбите во Скопје, утре попладне тој ќе замине за Тирана.