Хан многу сакал лов и скапи вечери од лобисти, обвини „Либерасион“

Францускиот весник „Либерасион“ покрена сериозни обвинувања против поранешниот еврокомесар за проширување на Унијата и австрискиот политичар Јоханес Хан.



Весникот дознава дека тој им дозволувал на лобисти да го канат на лов и на скапи вечери без да го пријави ова, како што е по протокол пренесува Salzburger Nachriten, повикувајќи се на ORF и Der Standard.

Иако Хан ги негира обвинувањата, австриските медиуми пишуваат дека тој присуствувал на ловечка забава во декември 2015 година, која ја платило белгиското лоби на сопственици на земјиште (ELO). Според „Либерасион“, тој имал обврска да го пријави неговото учество во Комисијата според кодексот на однесување.

Портпаролот на Хан изјавил дека поканата од поранешниот еврокомесар била „чисто од приватна природа“.

„Беше во друштво на негова пријателка кој имала дозвола за лов. Затоа, не беше потребно ова да се внесе во регистарот за транспарентност“, вели портпаролот на Хан.

Според „Der Standard“, a како што наведува Salzburger Nachriten, Хан има уште еден конфликт на интереси, пренесува ФАКТОР.