Во интервју за „Агенција Европа“ комесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан, вели дека парламентите во повеќето земји од Западен Балкан сѐ уште не функционираат по европски стандарди.



„На Балканот го има тој менталитет на црно или бело. Или сте победник, или сте губитник. Но, во демократијата, клучниот елемент е компромисот, а компромисот често има негативна конотација на Западниот Балкан, но всушност тоа значи дека секој треба нешто да му даде на другиот за да добие нешто плус“.

Хан сепак се огради од квалификациие дека станува збор за „балкански стил“ и вели дека слични проблеми се јавуваат во источното соседство на ЕУ, но и во јужното како на пример во Тунис.