
Високиот функционер на Хамас, Салех ал-Арури, е убиен во експлозија во јужен Бејрут, соопшти палестинската милитантна група.
Либанската државна Национална новинска агенција објави дека четири лица загинале во експлозијата, која ја изврши израелско беспилотно летало, пренесува Sky News.
Ал-Ароури, еден од основачите на военото крило на Хамас, беше шеф на палестинската милитантна група на Западниот Брег.
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху му се закани дека ќе го убие уште пред почетокот на војната меѓу Хамас и Израел на 7 октомври 2023 година.
Експлозија ги потресе јужните предградија на либанската престолнина во вторникот вечерта, предизвикувајќи хаос во упориштето на милитантната група Хезболах, но природата на експлозијата не беше веднаш позната.
Не е јасно дали експлозијата предизвикала жртви во предградијата на Бејрут, но видеата кои кружат на социјалните мрежи покажуваат сериозна штета и пожар.





